![tancerki](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/tancerki.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Четири танчерки од странство и гтри од Македонија рано утрово биле приведени во угостителски објект во село Добридол, Гостиварско, сопственост на Б.Р.(25).
Четирите странски државјанки (три од Косово и една од Словенија), на возраст од 20 до 32 години, биле приведени во полициската станица во Тетово поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта.
Полицијата спровела акциска контрола и во угостителски објект во село Чегране во кој биле затекнати осум женски лица, сите македонски државјанки.