Уапсени двајца скопјани за грабеж на обложувалница, црква, жена и малолетничка

На 16.11.2022 во 21.15 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар и Единицата за внатрешни работи Карпош ги лишиле од слобода А.И.(24) и В.А.(20), двајцата од Скопје.

-Тие се сомничат дека на 16 октомври одзеле пари од спортска обложувалница на ул.„Митрополит Тедосиј Гологанов“, на 21 октомври со употреба на подесен алат и физичка сила влегле во црквата „Св.Богородица“ на кеј „Димитар Влахов“ и одзеле пари, на 01.11.2022 на ул.„11 Октомври“ со употреба на физичка сила од женско лице од Скопје одзеле паричник, а на 14.11.2022 во подрумски гаражи на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ со закана и употреба на физичка сила од малолетничка од Скопје одзеле пари, информира МВР.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а дел од одземените средства и предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.