Уапсени син и татко, уценувале скопјанец со видеа со експлицитна содржина

Полицијата денеска во координација со ОЈО ги уапси Т.С.(18) и С.С.(46) од Скопје (син и татко) поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

На 20.5.2023 Т.С. побарал од 21-годишен скопјанец пари заканувајќи се дека доколку не му даде пари, ќе објави видеа од 21-годишниот скопјанец со експлицитна содржина. Оштетениот на 23.5.2023 му дал пари на Т.С., но тој потоа продолжил со јавувања и барал уште пари, по што оштетениот го пријавил случајот во СВР Скопје.

„Откако на оштетениот му се дадени претходно крим-технички обработени пари, тој се договорил со Т.С. парите да му ги предаде пред трговски центар на булеварот „К.Ј. Питу“. Т.С. дошол заедно со својот татко С.С. и откако ги земале парите, веднаш се уапсени и во службен разговор го признале кривичното дело. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава“, велат од полицијата.