Уапсени уште двајца за нападот во лондонското метро

Британската полиција соопшти дека денеска уапсила уште двајца мажи во Велс кои се поврзани со минатонеделниот напад во лондонското метро.

Вкупниот број на уапсените за нападот, во кој беа повредени 30 луѓе, се веќе петмина.

Двајца од осомничените на 48 и 30 годишна возраст биле приведени во Њупорт, а едно 25-годишно момче е уапсено синоќа во велшкиот град.