Уапсено лице со експлозивна направа во автомобил

Полицијата во Ден Бош вечерва уапсила човек со експлозивна направа. Осомничениот седел во паркиран автомобил во близина на полициска станица, единица за противпожарната служба и џамија, пренесува  холандскиот јавен сервис „НОС“.

Како што е наведено, полицијата веднаш интервенирала откако добила информации дека едно лице има експлозив. Сомнителниот пакет бил  пронајден во автомобил „фолксваген поло“.

Улицата во која е уапсен осомничениот е затворена за сообраќај, додека околните канцеларии се евакуираат од претпазливост. Бројни пожарникари и амбулантни возила излегоа на самото место.

Осомничениот е уапсен, а автомобилот во моментов се прегледува о припадници на Одделот за заштита од експлозии.
Засега не е познат мотивот за можниот напад.