Уапсено лице во Тетово

Вечерва е приведено лице кое се барало со потерница за издржување затворска казна. Според МВР во 19 часот полициски службеници од ПО Жеровјане при СВР Тетово во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потраги, врз основа на распишана потерница го приведоа Б.С. (26) од Челопек,тетовско, кој се барал за доиздржување на казна затвор во траење од скоро две години. Б.С. ќе биде предаден на казнено поправна установа.