Уапсено е момчето од Бихаќ кој на социјалните мрежи објавил порака за тоа како се подготвува да изврши злосторство во средно училиште во тој град, потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ) од Федералната управа на полицијата (ФУП), пренесуваат босанските медиуми.
Од полицијата потврдиле дека тој ќе биде задржан во притвор 24 часа, по што ќе биде префрлен во надлежното Обвинителството.
Момчето претходно било приведено во полиција на Бихаќ, откако против него биле пристигнати повеќе пријави од граѓани.
Тој објави порака на социјалните мрежи по вчерашниот масакр во Белград во кој 13-годишно момче уби осум ученици и еден работник од училишното обезбедување. Шест ученици и една наставничка се тешко ранети.
„Исто така, сакам да напоменам дека на 7 октомври минатата година презедовме мерки од наша надлежност, бидејќи споменатиот на својот профил објавил дека силувал едно девојче. За ова го информиравме Кантоналното обвинителство. Дежурниот обвинител потоа го сослушал наведеното лице и ја прекина истрагата за тој настан. Во однос на настанот во врска со последните соопштенија, работата на случајот ќе ја продолжат Федералната полициска управа и дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство“, изјави полицискиот комесар на УСК, Јусуф Мешиќ.
Како што рече, станува збор за возрасен млад човек.
Тој додаде и дека е засилен надзорот во гимназијата во Бихаќ, каде младиот човек бил ученик. Покрај тоа, полицијата го засили надзорот и во другите училишта во областа на овој кантон.
Истовремено, од гимназијата во Бихаќ за Радио Слободна Европа (РСЕ) велат дека наставата се одржува редовно и дека нема паника.
„Полициската управа си ја заврши работата. Директорот моментално е во полиција и дава изјава. Тој беше наш ученик до минатата година. Истрагата е во тек“, велат од гимназијата во Бихаќ.