Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, во истражувањето на ИПИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ има убедлива претпроцентна предност пред владејачката СДСМ, покажува телефонската анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПСИ), од која резултатие се објавено во неделата.

На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори“, високи 21,2 отсто од испитаниците се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а следи СДСМ со 16,2 проценти. Во македонскиот корпус фигурира уште и помалата парламентарна опозициска партија Левица, којашто во моментов ужива доверба од 2,9 отсто од испитаниците.

Кај партиите на Албанците во Македонија во предност е Демократската унија за интеграција (ДУИ), којашто има речиси идентнична поддршка како и нејзиниот лидер Али Ахмети од 7,2 отсто. Следат колаициските партнери Алијанса за Албанците и Алтернатива со засебни рејтинзи од 3,8 односно 1 процент. Движењето БЕСА, пак, има е поддржана од 1,5 отсто испитаници.

За ниту една партија нема да гласаат 17,3 отсто од испитаниците, а „не знам“ одговориле 12,8 проценти.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот меѓу 4-ти и 6-ти мај 2022 на 1,111 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања во моментот.