Профил на Твитер, кој наводно му припаѓа на напаѓачот со огнено оружје во Дејтон, Конор Бетс, кој уби 9 лица, покажува дека момчето гаело левичарски и антифашистички уверувања, а во некои твитови ги поддржувал Берниј Снадерс, Елизабет Ворен и други.
Полицијата се уште истражува што го поттикнало Бетс во неделата да убие 9 лица во Дејтон, познат по ноќниот живот. а неколку часа пред нападот на профилот на Бетс се забележани лајкови во врска со пукањето во Ел Пасо.
Бетс испукал 41 кушрум за неколку секунди пред да биде убиен соопштила полицијата. Тој на својот Твитер профил пред нападот напишал „одам во пеколот и не се враќам“.
Поранешниот другари од училиште на Бетс тврдат дека тој имал листа за отстрел, односно список на ученици кои сакал да ги убие или силува.
In his Twitter profile, Connor Betts, the 24-year-old suspected gunman in the Dayton mass shooting, wrote, "he/him / anime fan / metalhead / leftist / i'm going to hell and i'm not coming back." https://t.co/mSIxB1NZLE pic.twitter.com/gdokY6ShsY
— Heavy.com (@HeavySan) August 4, 2019
„На училиште беше мрачен и депресивен“, рекол еден од неговиот поранешни другари, пренесува Индекс.
Еден негов поранешен колега наведува дека Бетс имал посебен список на момчиња кои сакал да ги убие и посебна листа на девојки кои сакал да ги силува. Тој им се заканувал на жени кои го одбиле неговото додворување, пренесува Си-Ен-Ен.
Инаку Бетс бил член на бендот Менструал Манчис кој свирел музика со насилна и порнографска тематика.
Фановите на тој жанр музика ја опишуваат како начин на контролирање на лутината и бесот. Бетс студирал психологија, а себеси се опишувал како „лице кое работи под притисок. Брзо учи. Многу амбициозен студент“.