Убиецот на Вања имал серија пријави – за даночно затајување, неовластено прислушкување, држење оружје, омаловажување на полицајци…

Поради големиот медиумски интерес во врска со Љупчо Палевски, осомничен за убиствата на Вања и на Панче, МВР информираше за тоа какви пријави досега се поднесени против него.

„Ја информираме јавноста дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник.
Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, рекоа од МВР.