Убиен американски војник во Авганистан

Еден американски војник загина, а двајца се ранети на аеродромот Тарнкот во јужниот дел на Авганистан, информираа од НАТО. Нападот бил извршен од одметнат авганистански војник.

Ранетите војници се во стабилна состојба, инцидентот е под истрага, се вели во соопштението.

Не се пријавени други детали за инциденцата.

Нападот се случи на аеродромот во Таринкот, главниот град на провинцијата Урузган.

Талибанците објавија дека „патриот авганистански војник отворил оган врз Американците на аеродромот и дека убил и повредил најмалку четворица окупатори”.