Директорт на сирискиот истражуачки центр за кој западните земји тврдат дека наводно е дел од програмата за развој на хемиско оружје, загинал од екслозија на бомба подметната во неговиот авомобил, објави во неделата провладиниот весник al-Watan, а одговорноста за атентатот ја презема радикална исламистичка групација.
Азис Асбер беше диектор на научниот истражувачки центар во Масјаф, крај Хама во истоимената сириска покраина, за којшто Западот тврди дека е тајна владина институција,
„Асбер почина по екслозијата на својот автомобил во околината на Хама“, објави весникот al-Watan, на својот портал.
Експлозијата се случила во саботата вечерта, извести опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), чиешто седиште е во Лондон.
Одговорноста за нападот ја презема сириската исламистичка бунтовничка група помогната од регионалните сунитски и од западните земји, поврана со групата Трахрир ал-Шам. Во неа се вклучени и борците на Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда. Групата „Бригадите на Абу Амар“ објавија на интернет дека „подметнале екслозивна направа“ со којашто е убиен Асбер.
Центарот во Масјаф беше цел на израелски напади во јули и минатата година во септември, соопшто сириската влада. Во април САД, Велика Британија и Франција извршија напад врз истражувачкиот центар во близина на Дамаск тврдејќи дека можеби е поврзан со можен напад со хемиско оружје.
Сириската влада негира дека користи или поседува хемиско оружје, и за тоа ги обвинува бунтовничките групи кои на тој начин сакаат да испрововцираат масивна западна воена операција во Сирија. Официјален Дамаск, притоа, повеќепати проложи материјали за кои тврди дека се докази оти наводно користеното хемиско оружје во бунтовничките области е произведено во европски земји.
Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) по инспекцијата на нејзините меѓународни стручњаци пред повеќе од три години објави дека Сирија којашто пред четири години пристапи на организацијата, не поседува резерви од хемиски агенси и оти нејзините постројки за такво производство се демонтиран.