
Убиен лидерот на ИД одговорен за киднапирањето на Салопек. Египетските безбедносни сили наводно го убиле Абу ал – Касим, за кој се верува дека стои зад киднапирањето на хрватот Томислав Салопек, пишува Танјуг, повикувајќи се на индекс.хр.
Кaсим – лидер на бригадата што стои зад киднапирањето на Салопек

Оваа вест засега официјално не е потврдена, а медиумите наведуваат дека Касим е еден од лидерите на Исламска држава.
Наводно, убиениот Абу ал – Касим е лидер на бригадата што стои зад киднапирањето на хрватот Салопек.
Премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека и тој ја добил информацијата дека е убиен лидерот на групата која стои зад киднапирањето на Салопек.
Засега тоа неможам да го коментирам, но имам информација, изјавил Милановиќ.
Салопек киднапиран и погубен од ИД
Триесетгодишниот Салопек беше киднапиран на 22-ри јули во Каиро, каде работел за француската компанија ЦГГ. Исламска држава во замена за него барала ослободување на мусламанки од затвори.
Киднаперите на 5- ти август објавија видео со кое се закануваа дека ќе го погубат Салопек, а седум дена подоцна уште едно видео во кое тврделе дека наводно тоа и го сториле.