Убиен Мула Омар, лидер на талибанците во Авганистан

Убиен Мула Омар, лидер на талибанците во Авганистан
Убиен Мула Омар, лидер на талибанците во Авганистан

Извори од авганистанската Влада потврдиле дека е убиен Мула Омар, врховниот и духовен лидер на талибанците во Авганистан.

Претходно неколкупати во јавност излегуваше информација за наводна смрт на Мула Омар, но ова е прв пат Владата да ја потврди информацијата.

Од страна на милитантите нема никаков конментар за информацијата дека нивниот лидер Мула Омар е убиен.

Лидерот на талибанците починал пред две-три години, соопшти авганистанската Влада и разузнавачки служби.

Мула Омар беше претседател на Авганистан од 1996. година до падот на талибанскиот режим во 2001.

Тој не беше виден во јавност од 2001 година, од американската воена кампања.

Талибанците зазедоа 80 села во Авганистан

Талибанци во Авганистан под своја контрола ставија најмалку 80 села. Претежно селата се во округот Хан Абад во северниот дел на земјата.

При нападите на талибанци во Авганистан за заземање на селата убиени се најмалку 14 селани.

Голем број семејства спасот од талибанците го нашле во пребегување во други, помирни реони на провинцијата.

Талибанците ја предупредија Исламска држава

Авганистанските талибанци го предупредија лидерот на џихадистичката група Исламска држава да не прави никакви обиди за дејствување во Авганистан.

Џихадот против Американците и нивните сојузници треба да се води под едно единствено знаме, а тоа е она на талибанците на Мула Омар, изјави неговиот најблизок соработник Ахтар Мохамед Мансур.

Во писмо од Мула Омар адресирано до лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади се наведува и предупредува дека талибанците ќе бидат принудени да реагираат, доколку неговата организација се обиде да се вмеша во Авганистан.

Напад во Парламентот во Авганистан


Талибанците во Авганистан секојдневно вршат напади, а минатиот месец го нападнаа и Парламентот во главниот град Кабул.

Силна експлозија го потресе парламентот во авганистанскиот главен град Кабул за време на седница. По експлозијата следела пукотница во која се повредени 18 цивили.

Нападот почнал во автомобил бомба, кој експлодирал во близина на влезот на зградата, по што вооружени напаѓачи се обиделе да извршат упад, но биле потиснати од безбедносните сили во објект во изградба во близина на парламентот.

 

 

Повеќе за нападите на талибанци во Авганистан прочитејте ОВДЕ.