Еден војник е убиен а друг е ранет во петокот во пукање во касарната на воениот аеродром во Винер Нојштад, соопшти австриското Министерство за одбрана.
„Малку пред седум часот утрото во размена на оган во касарната во Винер Нојштад убиен е стражар, додека друг војни е ранет“, објави на Twitter портпаролот Михаел Бауер.
Според австриската новинска агенција APA, војникот кој бил на стража отворил оган во текот на кавга, а потоа бил застрелан од повисоко рангиран воен офицер.
Австриската јавна телевизија ОRF извести дека стражарот кој е убиен имал 20 години и дека бил од сојузната покраина Долна Австрија.