Професор по историја кој неодамна на учениците им покажувал карикатури на пророкот Мухамед е убиениот во петокот во близина на Париз, а неговиот убиец кој му го пресекол вратот и кого го уби полицијата, не бил на списокот лица следени од безбедносните служби, потврдија ноќта извори од полицијата за француските медиуми.
„Тој (напаѓачот) не фигурира на списокот престапници по кои се бара, а исто така не е на листата радикализирани лица. Сепак, бил познат по случаи за престапи поврзани со граѓанското право“, пренесува телевизијата BMFTV повикувајќи се на извори од полицијата и обвинителството.
Станува збор за 18-годишник наводно роден во Москва кој на 5-ти октомври бил присутен на часот на кој се дискутирало за слободата на медиумите. Професорот решил да прикаже каракатура на пророкот Мухамед, откако ги посоветувал учениците кои го исповедаат исламот да ги напуштат часот.
Подоцна родителите на некои ученици поднеле жалба против професорот. Покрај тоа, таткото на еден од учениците снимил и објавил на интернет видео во кое се критикува професорот. Истрагата сега проверува дали убиството е поврзано со оваа снимка. Авторот на видеото сѐ уште не е осомничен или обвинет во врска со овој случај.
Француското државно обвинителство за случаи на тероризам објави дека отворил истрага за „убиство поврзано со тероризам“ и за „злосторничко здружувње поради вршење терористички чин“.
Претседателот Емануел Макрон, придружуван од францускиот премиер Жан Кастекс и шефот на антитерористичкото обвинителство Жан-Франсоа Рикар, пристигнаа на местото на злосторството. Министерот за внатрешни работи Жерар Дарманен ја прекина посетата на Мароко и се враќа во Париз.
„Ова убиство е напад врз француската нација. Нашето единство и нашата решителност се единствениот одговор на стравотиите на исламистичкиот тероризам“, напиша на Twitter министерот за образование Жан-Мишел Бланкер.
Во текот на пленарната седница на францускиот парламент Националното собрание, претениците на веста за злосторството станаа простум оддавајќи му почест на професорот и осудувајќи го „гнасниот напад“.
Нападот се случи околу 17 часот по локално време во близина на средното училиште во гратчето Конфлан-Сен-Онорен, во департманот Ивелин во регионот Ил-де-Франс, во близина на Париз. Агенцијата AFP наведува дека полицајците стасале на повик поради сомнително лице кое се движело околу училиштетот, а истовремено добиле и повик дека е најдено тело на обезглавен маж.
По доаѓањето на местото го нашле телото на убиениот а потоа го забележале осомничениот на околу двесте метри подалеку. Тој им се заканувал со ладно оружје кое изгледало како нож, па отвориле оган и го раниле. Осомничениот набрзо им подлегнал на раните. Според очевидц, осомничениот при нападот извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем), што при своите напади го извикуваат екстремните исламисти.
Овој напад се случува три седмици откако 25-годишен Пакистанец со месарски сатар упадна во поранешните простории на сатиричниот левичарски весник Charlie Hebdo, кога тешко беа повредени две лица. Извршителот на овој напад со екстремна исламистичка заднина во истрагата рекол дека тоа е казна за карикатурите на пророкот Мухамед кои повторно беа објавени во Charlie Hebdo, кој поради тоа и пред неколку години беше цел на напади на радикали и џихадисти.
Порано само локално познатиот и малкутиражен сатиричен весник со крајно лева провиниенција Charlie Hebdo на 1-ви септември повторно ги објави контроверзните карикатури кои во муслиманскиот свет се сметаат за голема навреда, по повод почетокот на судењата за нападите во Париз во јануари 2015 година која треба да заврпи на 10-ти ноември. Во нападот на редакцијата на весникот на 7-ми јануари 2015-та со истиот мотоив, беа убиени 12 луѓе, меѓу кои новинари и карикатуристи.