![ucenici_grcija_blokada](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/ucenici_grcija_blokada.jpg?resize=480%2C480&ssl=1)
Ученици ја блокирале работата во 55 гимназии во повеќе населени места во северниот дел на Грција, во знак на протест против Преспанскиот договор меѓу Атина и Скопје, а кој Грција треба да го ратификува денеска, објавуваaт грчките медиуми, пренесува НетПрес.
Според објавеното, училишниот инспекторат информирал дека најмногу училишта се блокирани во градот Пела (престолнината на античка Македонија) – 22 од вкупно 49 во ова населено место. 11 гимназии биле блокирани во западниот дел на Солун и една во источниот дел на овој град. Три средни училишта се блокирани во Халкидики, четири во Кукуш и пет во Пиерија.
Директорот на гимназиското образование во Пела, Томас Бахаракис, ја потврдил информацијата за блокадата на школите. Тој за државната грчка новинска агенција АНА-МПА, изјавил дека нема докази дека средношколските блокади на училиштата се организирани од надворешни фактори.