Учениците од 1 септември една недела на школо, една недела онлајн?!

Порталот Фактор открива какви решенија смислува Комисијата за заразни болести за наставата во новата учебна година.

Во ниту еден случај децата не смеат целосно да останат дома и од 1 септември наставата да продолжи како што беше второто полугодие, велат за порталот извори од Комисијата.

Претставници кои вчера присуствувале на состанок во Министерството за образование имале некои предлози, при што оние училишта со многу деца, како во Скопје, Куманово и во Тетово, наставата да биде организирана така што децата би биле поделени во групи. Наизменично да се следи наставата една недела во училиште, една недела онлајн, а часовите да траат по 30 минути.

Интересно е дека за враќање на децата во школските клупи е разговарано во отсуство на министер Арбер Адеми, кој е заразен со коронавирусот и е во домашна изолација.