Ученик избоде до смрт професорка во Франција

Средношколец ја избодел до смрт професорка по шпански јазик во текот на наставата во училиште во францускиот град Сен-Жан-де-Луз, во департманот Атлантски Пиринеи објави во средата радиото France Bleu.

Ученикот во десеттиот клас на локалниот лисеј бил приведен, а на самото место на злосторството излегол префектот на одделот на обвинителството за градот Бајон.

Ученикот е уапсен. Професорката, во педесеттите години од животот, починала од срцев застој кога службата за итна медицинска помош пристигнала во училиштето, објави радиото.

Францускиот министер за образование Пап Ндиаје е на пат за Сен-Жан-де-Луз, а портпаролот на владата Оливие Веран изрази поддршка за професорската заедница во Франција