ФЕЈСБУК СТАТУС НА НАУМ СТОИЛКОВСКИ, ПОРТПАРОЛ НА ВМРО-ДПМНЕ
Вчера беше регистриран позитивен случај на деветгодишно дете, додека пак денес инфицирано е девојче на шестгодишна возраст.” (Кавадарци денеска, извор: Фокус)
Додека власта не знае што со образованието и се шират информации дека деца до трето (од 5-6 до 8- 9 години) ќе оделе на класична настава, ќе повторам дека училиштата не се институции за згрижување туку воспитно- образовни институции.
Училиштата не се градинки за и таму да ги тераат родители да потпишуваат “на своја одговорност” за децата.
И образованието е задолжително!
Што значи, државата мора, АМА МОРА, да гарантира за безбедноста на сите вклучително и за семејствата на оние кои ги опфаќа со работење или неработење.
Оттука, ќе ги повторам дел од барањата од Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, во кои се нагласува дека не смее да се почне без создавање и објавување на регистар за тоа:
1. Колкумина и кои точно во наставничкиот кадар се од ризична група
2. Колкумина од услужните дејности и кои точно во образованието се во ризична група
3. Колкумина од децата се во ризична група
4. Колкумина од семејствата на учениците се во ризична група
5. Со колкумина точно услужен кадар располагаат училиштата кои што ќе можат- мораат да одржуваат хигиена но и истовремено да водат сметка за групирањето на децата; итн.
Тоа што власта нема протокол и платформа за онлајн работа и што загуби речиси шест месеци откако тргна кризата, тоа не е проблем за грбот и здравјето на децата.
За потсетување, ниту учебници нема испечатено, па пак тера настава!