Училиштата во Турција затворени до крајот на мај

Училиштата во Турција ќе останат затворени до крајот на мај, како дел од мерките за борба против ширењето на коронавирусот, изјави денеска министерот за образование Зиа Селчук.

Анкара објави дека ги затвора училиштата на 12 март, откако го регистрираше првиот случај на Ковид-19.

Во моментот има 115.000 заразени и речиси 3.000 смртни случаи потврдени во државата.
Селчук ја објави одлуката денеска на прес-конференција.