Основното училиште „Живко Брајковски“ во општина Бутел ќе добие нов современ лик со проект од Светска банка.
Според градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, општината ќе добие ново училиште по 50 години.
Училиштето се гради на 5.000 квадратни метри, а со својата внатрешна структура ќе овозможи учениците да учат во една смена. Латиновски очекува проектот да се реализира во предвидениот рок и да биде пуштено во употреба до средината на следната година.
Од Светска банка за овој проект се обезбедени 73 милиони денари.