Удира гром во коприви, ама удира и на други места

Статистичките податоци покажуваат дека 10 луѓе се убиени од гром во текот на годината. Најмногу грмежи има во мај, јуни, јули и август – од пет до 10 дена, додека нема грмежи во во текот на јануари повеќе од една деценија. Што треба да направиме за да се заштитиме?

Одговорот на ова прашање го дава проф. д-р Владимир Ѓурѓевиќ од Факултетот по физика во Белград.

Најважно е да се оддалечите од отворениот простор, односно најдобро е да влезете во некој заѕидан објект. Ако вашата куќа или зграда не е во близина, добро е да останете во затворен автомобил.

Полуотворените места, како што се настрешници или автобуски постојки, не се добро засолниште од гром. Не треба да стоите до електрични столбови или високи дрвја. Ако навистина нема каде да се скриете – клекнете!

„Најдобро е да се следи временската прогноза и ако за попладнето е најавено невреме или грмежи, во тој случај не планирајте активности кои можете да ги одложите, а за да бидете безбедни, побарајте во близина затворен објект или куќа, и засолнете се“, објаснува професорот Ѓурѓевиќ.

Наспроти популарното верување, сосема е безбедно да се користи мобилен телефон додека грми. Се разбира, ако сте во затворен простор. Меѓутоа, треба да останете подалеку од фиксните телефони!

„Во случај на удар на гром, таа енергија може да помине низ линиите и да стигне до слушалката. Значи, ако сте во куќа, слободно користете го вашиот мобилен телефон, но не е добро да се полни затоа што уредот може да се оштети“, забележува професорот Ѓурѓевиќ.

Гумени обувки се препорачуваат особено за оние кои работат на отворено, на пример, на поле, затоа што тоа претставува еден вид изолација. Значи, ако „се случи нешто страшно“, како што вели д-р Ѓурѓевиќ, последиците ќе бидат помали.

Народните преданија поврзани со гром не се научно потврдени.

„Приказните дека громот не може да удри двапати на исто место не е вистина, ниту е вистина дека громот не удира во коприви. Се случувало во рок од дваесет секунди, громот неколкупати да погоди исто место“, забележува професорот Ѓурѓевиќ.

Важно е да се има предвид дека не постои апсолутно заштитено место на отворено. Дури и кога сте опкружени со високи предмети, молњата може да удри во место што не е највисока точка.