Удрил со возило во полициски кордон што бил поставен за негово запирање- тешко повредени полицајци

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против М.М.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“, „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“, „тешка кражба“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

На 27.09.2022, пријавениот со моторно возило „форд фокус“ превезувал осум мигранти од Сирија, од кои едно малолетно дете и на локалниот пат Катланово-Велес со возилото удрил во полициските службеници и службените возила, кои биле поставени за негово запирање.

Од ударот повеќе полициски службеници се здобиле со тешки телесни повреди.