Удрил во постојка, две канделабри, се превртел и побегнал

Ноќеска околу 00.05 часот на булеварот “Борис Трајковски“ (поранешна улица Првомајска) во Скопје патничко моторно возило ,,Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, удрило во металната конструкција од автобуската постројка.

Потоа удрило и во две метални канделабри, по што од ударот возилото се превртело, информираат од МВР во дневниот билтен.

Веднаш по незгодата возачот го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.