УЕФА ќе го исфрли Спартак Москва од Лигата на Европа

Германскиот бундеслугаш Лајциг ќе обезбеди директен пласман во четвртфиналето во Лигата на Европа бидејќи УЕФА ќе го исфрли Спартак Москва од ова натпреварување, пишува „Билд“.

Германскиот весник пишува дека официјална потврда за исфрлањето на рускиот тим од Лигата на Европа треба да има во текот на денот.

Натпреварите помеѓу Лајпциг и Спартак Москва требаше да се играат на 10. и на 17. март, но УЕФА поради руската инвазија на Украина, одлучија да го исфрли рускиот тим.

– Во постојан контакт сме со УЕФА и имаме доверба во нивната одлука. Претпоставуваме дека натпреварите ќе бидат откажани – изјави шефот на Лајпциг, Оливер Минцлаф.

Спартак Москва беше прв во групата Ц во Лигата на Европа и обезбеди директен пласман во осминафиналето на второто по квалитет европско клупско натпреварување.