УЕФА го раскина договорот со руски „Газпром“

Европската фудбалска унија (УЕФА) потврди дека го раскина договорот со рускиот гигант „Газпром“, поради воениот конфликт меѓу Украина и Русија.

Европската куќа на фудаблот реши и да ја прекина соработката со еден од главните спонзори на Лигата на шампиони.

„Газпром“  плаќаше по 40 милиони евра на УЕФА за соработката, но гигантот остана без договор поради инвазијата на Русија.