УЕФА денеска ќе покрене дисциплинска постапка против Хрватска, поради дивеењето на навивачите на натпреварот против Чешка што доведоа до прекин.
Постапката против Хрватска е покрената затоа што нивните навивачи употребувале пиротехнички средтсва, фрлале остри предмети на терен, пееле навредливи песни и истакнувале расистички транспаренти.
УЕФА казната поради инцидентот на стадионот во Сент Етјен ќе ја донесе во понеделник.
Имено, при крајот на второто полувреме од просторот на навивачите на Хрватска долетаа неколку петарди и еден “топовски удар“, кој експлодираше во близина на хрватските репрезентативци, а во настанот е повреден еден редар, кому петарда му експлодира в раце. По прекин од 8 минути средбата е продолжена.