Угандиец обвинет за „тешка хомосексуалност“, му се заканува смртна казна

KAMPALA, UGANDA - APRIL 23: A member of the LGBTQ community prays during an evangelical church service on April 23, 2023 in Kampala, Uganda. Uganda's policymakers have yet to pass the pending anti-gay law that has caused backlash from the international community, with the hardline bill imposing capital and life-imprisonment sentences for gay sex. An LGBTQ-led church, held within a safe house supporting transgender persons, is defying the threats and providing a safe space of worship for Uganda's Christian sexual minorities. (Photo by Luke Dray/Getty Images)

Угандски обвинители обвинија маж за „тешка хомосексуалност“, што е казниво со смрт според новиот контроверзен закон против хомосексуалноста воведен годинава.

Законот, еден од најдраконските од овој вид во светот, содржи одредби според коишто „тешката хомосексуалност“ е кривично дело коешто се казнува со смрт и вклучува казна до доживотен затвор за доброволни истополови односи.

„Осомничениот е обвинет во Сорота (во источна Уганда) и се наоѓа во истражен затвор. Ќе биде изведен пред судот“, изјави Жакуелин Окуи, портпаролката на Канцеларијата на јавното обвинителство.

Во обвиниението, во коешто агенцијата AFP имала увид, 20-годишникот е обвинет на 18-ти август за „незаконски полов однос со … воразен маж на 41 година“. „Кривичното дело: тешка хомосексуалност е противна на Законот за сузбивање на хомосексуалноста од 2023 година“, се наведува во обвинението.

Портпаролката на обвинителството за AFP изјавила дека не е сигурна дали ова е првпат некој да биде обвинет за „тешка хомосексуалност“ според новиот закон.

Парламентот на Уганда уште во март го усвои законот со кој се криминализира идентификувањето како ЛГБТИ лице, давајќи им на властите огромни овластувања за Угандијците кои веќе се соочуваат со правни последици и јавни и улични напади од мнозинството. Поддржувачите на новиот закон велат дека е неопходно да се казни поширок спектар на ЛГБТИ активностите, за кои велат дека ги загрозуваат традиционалните вредности во конзервативната и религиозна источноафриканска земја. Покрај истополовите врски, законот забранува промовирање и поттикнување на хомосексуалноста, како и заговор за вклучување во хомосексуални односи.

Поради прекршување на законот следуваат строги казни, вклучувајќи и смртна казна за таканаречената тешка хомосексуалност и доживотен затвор за хомосексуални односи. „Тешката“ или „сериозната хомосексуалност вклучува хомосексуални односи со лица помлади од 18 години или кога сторителот е ХИВ позитивен.

„Нашиот творец Бог е среќен (поради) она што се случува… Го поддржувам предлог-законот за заштита на иднината на нашите деца. Ова е за суверенитетот на нашата нација, никој не може да нѐ уценува, никој не може да нѐ заплаши“, рече тогаш пратеникот Дејвид Бахати за време на дебатата за законот одговарајќи на притисоците и заканите со разни санкции од страна на западните функционери и дипломати.

Драконскиот закон стапи на сила во мај годинава, а беше осуден од Обединетите нации, западните влади, меѓу нив и САД, како и од глобалните групи за човекови права.

Светската банка објави во август дека ги запира новите заеми за Уганда со објаснување дека споменатиот закон „фундаментално е во спортивност“ со вредностите на оваа финансиска институција со седиште во САД. Угандскиот претседател Јовери Мусевени ја обвини Светската банка дека ги користи парите за да се „обиде да ја присили“ владата да се откаже од законот.

Американскиот претседател Џо Бајден во мај повика на „итно укинување“ на законските мерки коишто ги опиша како „трагично кршење на универзалните човекови права“ и се закани со прекинување на американската помош и вложувањата во Уганда.

Меѓутоа, владата остана непоколеблива, а законот има широка поддршка во конзервативно и претежно христијанската земја. Поддржувачите го бранат законот како неопходен бедем во против „перцепираната западна неморалност“.

Адриан Џјуко, извршен директор на Форумот за свест и поттикнување на човековите права, изајви дека неговата организација „документирала 17 апсења“ во јуни и јули по усвојувањето на законот. Полицијата претходно овој август по дојава уапсила четири лица, од кои две жени, во салон за масаќа во источниот округ Буикве под обвинивање за истополови сексуални односи.