Угостителските услуги поскапеле во мај

Цените на угостителските услуги во мај во споредба со април де зголемен за 0.3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2 %, Алкохолни пијалаци за 0.7 %, Безалкохолни пијалаци за 1.1 % и Ноќевања за 0.1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во мај во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.3 %, додека во однос на декември 2020 година е зголемен за 0.1 %