Угостителските услуги поскапеле за 9,8 отсто за една година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2022 година, во споредба со март 2022 година, е зголемен за 2.5 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3.2 отсто, Алкохолни пијалаци за 1.4 отсто и Безалкохолни пијалаци за 4.6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Индексот на цените на угостителските услуги во април 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 9.8 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6.3 отсто, додека во однос на декември 2021 година, е поголем за 4.5 отсто.