Дебелината на крајбрежниот мраз на Преспанското Езеро изнесува 4, а на Дојранско 1,5 сантиметри, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
За разлика од денеска нивото на Охридското Езеро во изминатите денови беше за 4 до 5 сантиметри пониско од дозволената минимална кота.
– Темературата на водата во природните езера утринава во 7:30 часот изнесуваше 6 степени целзиусови на Охридското Езеро на мерното место во Охрид, 2,5 степени во мраз на Преспанското Езеро кај Наколец и 1,8 стпени во мраз на Дојранското Езеро на мерното место во Нов Дојран, соопшти УХМР.
Отаму посочуваат дека денеска водостојот на реката Вардар во Јегуновце, Скопје и Велес е пвоисок, а во Демир Капија понизок од вообичаениот за овој период од годината, додека кај сите други реки кај кои се врши мерење е понизок.