Управата за јавни приходи денеска објави нов образец – Аконтативна даночна пријава за остварени капитални добивки.
„Врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.116 од 09.07.2015 година) се донесе Правилник за изменување на Правилникот за формата, содржината и начинот на пополнување на аконтативната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход за капитални добивки и новиот образец “ПДД-АДП/КД“ – Аконтативна даночна пријава за остварени капитални добивки, објавени во „Службен весник на РМ”, бр.179 од 16.10.2015 година, a со примена од 17.10.2015 година. Новиот образец “ПДД-АДП/КД“ може да се преземе од веб страницата на УЈП.