
Премиерлигашот Њукасл сака летово да го врати во шампионатот на Англија, напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл.
Според „Марка“, англискиот клуб, кој ќе има нов сопственик од Саудиска Арабија, е подготвен да плати 60 милиони евра за 30-годишниот Велшанец.
Договорот на Бејл со Реал истекува летото 2022 година.
„Трансфермаркет“, го проценува Бејл на 40 милиони евра. Оваа сезона, Велшанецот одигра 17 натпревари, постигна два гола и направи две асистенции.