Забраните за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека се укинати.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинските премини Стража, Ѓавато, Буково, Пресека и во Ресен, Крушево и Попова Шапка, но во моментов нема пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.