Украден златниот тоалет вреден 5 милиони долари од дворецот Бленхајм

Засега неидентификувани крадви го украле зланиот тоалет од 18-каратно злато од британскиот дворец Бленхајм, каде што вц-то било сместено во рамки на изложба, соопшти полицијата во саботата.

Тоалетот, чијашто вредноста се проценува на повеќе од пет милиони американски долари, бил дел од изложбата посветена на италијанскиот копцентунателн уметник Маурицио Каталан, која е отворена пред два дена во дворецот Бленхајм, оддалелени 96,5 ки9лометри западно од Лондон.

Тоалетот нарече „Америка“ претходно беше изложен во њујоршки музеј „Гугенхајм“ , каде што го виделе повеќе од сто илјади посетители.

Крадците со најмалку две возилата провалиле во палатата, родното место на легендарниот британски премиер Винстон Черчил, малку пред 5 часот наутро, соопшти локалната полиција. „Бидејќи тоалетот бил споен со објектот, предизвикана е голем аштета и поплава“, изјавил инспекторот Џес Милн во јавното обраќање.

Полицита додаде дека уапсила шеесет и шестгодишен маж, но не го пронашле уметничко дело.

Од дворецот Бленхајм соопштија дека жалат поради загубата на „драгоцениот“ дело. Изложбата повторно ќе биде отворена за јавноста во недела, додаваат.

Минатата 2018 година, кога тоалетот беше во „Гугенхајм“, весникот The Washington Post пренесе дека наводно американскиот претседател Доналд Трамп го одбил предлогот на музејот привремено, за лична употреба, да го вгради тоалетот во Белата куќа.