Од куќа во скопско е украдена пушка. Четириесет и седум годишниот Љ.Д. од Скопје, вчера во полиција пријавил дека од неговата куќа во селото Нова Брезница е украдена ловна пушка.
Кражбата се случила во периодот од 18-ти до 23-ти месецов.
Непознат сторител со употреба на погоден алат делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел ловна пушка „Застава М-70“ и ловен карабин „Сувенир М-92“, со додаден оптички нишан „Бушнел“.
Скопјанецот огненото оружје и нишанот ги поседувал со дозвола и куршуми. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.