Украдена слика од XVII век пронајдена преку фотографија на интернет

Колекционерот Клиф Шорер, кого го нарекуваат ловец на исчезнати уметнички дела, ја пронашол сликата „Зимски пејзаж со лизгачи и други фигури“ од холандскиот мајстор Хендрик Аверкмап која датира од почетокот на XVII а украдена во 1978 година, откако забележал фотографија за декоративна перница, пренесува Boston Magazine.

Сликата, пред нејзиното исчезнувањето, му припаѓала на поранешниот управник на Музејот на уметноста во Верчестер, Роберт Стодарт. Пред речиси 45 години, додека тој спиел, крадците од неговиот дом тогаш однеле 12 уметнички дела тогаш проценети на вкупна сума од над десет милиони долари.

Шорер прелистувал на интернет слики коишто наликувале на исчезнатото платно и наишол на фотографија од декоративна перница со мотив од делото на Аверкамп. Според квалитетот на снимката, експертот сфатил дека кадарот не можело да биде направен пред 1978 година.

Според метаподатоците од електронската фотографија, Шорер дознал дека авторските права на фотографијата од 2012 година 1 припаѓаат на уметничка библиотека. Натаму, преку своите контакти во уметничкиот бизнис, дознал дека сликата била купена на саем на уметнички дела некаде во Европа во 1995 година. Но била продадена под името на внукот на Аверкамп – Барент.

Шорер контактирал внука на трговецот со уметнички дела и од неа дознал кој ја купил сликата. Станувало збор за холандска брачна двојка, сега и двајцата покојни. Експертот ги пронашол нивните наследници и им се обратил од име на музејот договорно да го вратат ремек-делото на вистинскиот сопственик. Нивниот идентитет не е објавен, а Шорер вели дека сѐ уште не добил одговор од нив.

Доколку не одговорат на писмото од неговиот адвокат и не се согласат да го вратат платното со компензација на целиот износ за кој го купиле, Шорер вели дека тогаш за случајот ќе биде покренато кривично дело.