Засега непознати сторители од објект на кланица кај Градско украле два метални сефа, при што биле забележани од чуварот кого физички го нападнале па избегале.
Крабежот се случил околу половина часот по полноќ кон неделата, а потоа било пријавено дека во објектот на кланицата, лоциран на стариот пат на излезот од Велес кон Градско четири лица насилно го отвориле прозорецот и одзеле два метални сефа.
Лицата биле забележани од чуварот, но физички го нападнале и избегале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.