Вчера во 9.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица извршиле кражба во обложувалница на улица „Ѓорче Петров“.
Според пријавеното, сторителите насилно влегле во обложувалницата и одзеле два сефа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.