Украдени шведските кралски круни

Шведската полиција ги мобилизираше копнените, поморските и воздушните сили да ги фати крадците кои вчера од црква сред бел ден ги украле кралските круни и шарови, односно кугли со крст кои се симбол на кралскиот авторитет.

Круните, кои и припаѓале на шведската кралска куќа од 17 век на кралот Карл Деветти и кралицата Кристина, беа украдени од двајца крадци од катедралата во Штрангнас  на југоисток од Шведска.

Полицијата соопшти дека крадците однеле “објекти од непроценлива вредност и голем национален интерес” и дека за нив не постои цена, јавува Раша Тудеј .

Кражбата се случила додека во неа имало посетители, а крадците скокнале на мал моторен чамец кој бил под црквата и побегнале. Тие се уште се во бегство и покрај големата полициска потрага.
Круната и шарот биле изложени во стаклена витрина. Кралицата Кристина, кој владеела од 1632 до 1654 година и Карл Деветти, кој владеел од 1604. до 1611 година беа се закопани со круни, кои беа украдени. Но овие предмети подоцна беа изложени за јавноста.

Полицијата апелираше до јавноста да обезбеди информации кои би помогнале да се уапсат крадците.
Досегашната полициска потрага е неуспешна, а дури нема точен опис на крадците, ниту на чамецот.

Полицијата верува дека сторителите го отфрлиле чамецот, се префрлиле во автомобил и тргнале или на запад или на исток во правец на Стокхолм.