Украина ја обвини Русија дека сака да ја прошири зоната на конфликтот

Во средата, по инцидентот меѓу руските ловци и американскиот дрон над Црното Море, Украина ја обвини Москва дека се обидува да ја „прошири“ војната во Украина во други области.

„Инцидентот со американскиот дрон MQ-9 Reaper, кој беше испровоциран од Русија во Црното Море, покажува дека (рускиот претседател) Владимир Путин е подготвен да ја прошири зоната на конфликтот и да вклучи други страни“, тврди во објавата на Twitter Олексеј Данилов, секретар на украинскиот Советот за безбедност.

„Русија ја користи тактиката ‘сè е на коцка’, согласно ‘постојаното подигнување на влогот’“, додава Данилов.

САД во вторникот соопштија дека руски воени авиони пресретнале и оштетиле американско беспилотно шпионско летало „MQ-9 Reaper“ над Црното Море, по што американските сили морале да ги урнат во морето.

Русија го негира тврдењето на Вашингтон и тврди дека нејзините воени авиони не стапиле во контакт со американскиот дрон кој се урна во Црното Море, велејќи дека дронот паднал поради „нагли неконтролирани маневрирање“.

Москва објаснува дека руските ловци забележале американско беспилотно летало како се приближува до руската граница во „областа на полуостровот Крим“. Се наведува и дека дронот летал „со исклучени транспондери и дека го „прекршил привремениот режим на користење на тој воздушен простор воспоставен поради специјална воена операција“ во Украина.