Украинските војници се повлекоа од Авдиевка затоа што режимот на претседателот Володимир Зеленски знае да се бори само за пари и само против цивили, напиша портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во својот профил на Телеграм.
„Не, не заради тоа. Туку затоа што Зеленски и бандата знаат да се „борат“ само за големи пари, кои одат директно во нивните џебови, и само против цивили. Се друго не им е важно“, рече Захарова, коментирајќи ја изјавата на Зеленски според која украинските сили се повлекле од градот за да се спасат животи на војниците.
Претходно беше објавено дека украинската оперативно-стратешка група војници Таврија, која е одговорна за контролата на Авдиевка, продолжила да ги предава своите позиции во градот.
„Украинските трупи маневрираат од уништените позиции и доколку е потребно заземаат нови позиции. За жал, за време на еден од таквите маневри неколку наши војници беа заробени“, рече командантот на групата Александар Тарнавски.