ФОТО| Мистерија – многу скап автомобил најден во џунгла

Многу редок спортски автомобил Lamborghini Aventador е пронајден во џунглите на Мјанмар, пишува британскиот таблоид The Sun.

Вреден ултра редок суперавтомобил е пронајден оштетен и напуштен длабоко во азиската прашува. Се проценува дека возилото „Lamborghini Aventador LP750-4 SV“ чини 300.000 фунти, а неговата правлива занемарена состојба ги збуни љубителите на спортските автомобили, пишува весникот.

Според написот, автомобилот бил оставен во шумата, прозорците му биле искршени, а делови биле расфрлани во кабината.

И покрај тоа што појавувањето на автомобилот во џунглата е „обвиено со мистерија“, локалното население брзо погодило од гаде доаѓа, пишува таблоидот.

Според една од верзиите, скапиот автомобил му припаѓал на многу богато семејство кое своето богатство го заработило со трговија со дроги. Според локалното население, тамошната бунтовничка група наводно го разбила нарко-картелот во 2023 година и го конфискувала нејзиниот имот, вклучително и скапиот автомобил.

За жал, не е познато што натаму се случило со Lamborghini-то, заклучува весникот.