Украина: Денеска ќе го вратиме Херсон

Синоќа, американските воени претставници тврдеа дека Русија ја изгубила контролата над Херсон – првиот град што беше окупиран од руски војници. Сега еден украински функционер тврди дека украинските сили денеска ќе го вратат градот.

Маркијан Лубкивски, советник на министерот за одбрана, за Би-Би-Си Радио рече: „Верувам дека денес градот целосно ќе биде под контрола на украинските вооружени сили.

„Во последните два дена ја завршивме операцијата во регионот на Киев, така што вооружените сили сега се фокусирани на јужниот дел, обидувајќи се да го ослободат Херсон и некои други украински градови.