Украинскиот претседател Володомир Зеленски во петокот најави смена на раководителите на сите регионални центри за регрутација поради наводна корупција.
Зеленски изјави дека проверката на регрутните центри покажала знаци на „професионални злоупотреби“, од нелегално богатење до пренесување на мажи способни за служење во војската надвор од границите и покрај забраната за излез од земјата.
„Овој систем треба да го водат оние коишто точно знаат што е војна и зошто во текот на војната цинизмот и поткупловста се предавство“, објави Зеленски.
Зеленски додава дека за имплементацијата на одлуката ќе биде задолжен врховниот командант генералот Валериј Заслужни за кој медиумите пишуваат дека по тешко ранување во руски ракетен напад пролетта не може потолно да ја извршува должноста на командување со украинската одбрана. Покрај тоа, кандидатите за шефови на регионалните регрутни центри прво ќе ги проверува разузнавњето – Службата за безбедност на украина (СБУ).
Украина по десетиците мобилизации и големите загуби во жива сила на фронтот се соочува со проблеми при регрутацијата. На социјалните мрежи украинските жени и мајки објавуваат видеа, кога полицијата на улица, па дури и на плажи користи сила за да приведе во регутен центар воен обврзник, обвинувајќи дека тие без никави обуки се испраќаат директно на фронтот. Според објавите, многумина од мобилизираните се со пречки за служење на воениот рок и не би ја минале редовната регрутација.
Покрај тоа, украинските сили се погодени со широко распространета корупција. Покрај сомневањата кај западните сојузници дека дел од дониранито оружје завршува надвор од Украина и неколкуте големи коруптиви скандали во војската во врска со набавки на продукти, во однос на регрутацијата сѐ почесто се заблежуваат случаи на подмитување за незаконско ослободување од служењето на воената обврска. Така, во јули беше обвинет воениот комесар на Одеската област кој од почетокот на руската инвазија успеал да се стекне со вила, деловен простор и неколку автомобили во вкупен изност од повеќе милиони долари.
Украина со децении е обвинувана за ендемска корупција, многу нејзини поранешни функционери, вклучително и премиерката Јулија Тимошенко, која исто како и Зеленски беше поддржана од Западот, беше осудена за манипулации и штетни договори. Актуелната власт, исто така, го гони и првиот претседател по превратот во 2014-та Петро Порошенко поради корупција и предавство. Па дури и во актуелната војна во САД и во Франција се појавија сомневања за манипулации со воената помош што ја даваат двете земји на Украина.
Во септември минатата година италијанските медиуми открија дека семејството Зеленски поседува исклучително луксузна вила во регионот Тоскана која ја издавале на руско семејство за 50.000 евра месечно, а која чини 4 милиони евра и која Зеленски ја купил во времето додека беше актер и имаше големи заработки од својата продукциска куќа којашто многу работеше и на рускиот телевизиски пазар.
Името на Зеленски, исто така, беше споменувано и во ткн „Pandora Papers“ од октомври 2021 година кога Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ICIJ) објави извадоци од приближно 11,9 милиони документи со податоците за офшор сметки на голем број светски политичари.