Украина е на раб на банкрот, фискалниот дефицит е 289 милијарди гривни

Вкупниот обем на фискалниот дефицит на Украина изнесува 289 милијарди гривни. Ова го изјавил украинскиот премиер Арсениј Јацењук, во своето обраќање пред Врховната Рада за економската состојба на земјата, јавуваат тамошните медиуми, пренесува Нетпрес.

„Земјата се наоѓа на работ на економски и финансиски банкрот. Вкупниот размер на фискалниот дефицит изнесува 289 милијарди гривни“, рекол Јацењук.