Врховната рада на Украина повика да се прекине дејството на одлуката на Врховниот совет на Автономна Република Крим за одржување референдум на 16 март. Украинските пратеници нагласуваат дека одлуката на Кримскиот Парламент е во спротивност на Уставот на Украина, пренесе „УНИАН“.
Документот е поддржан со гласовите на 255 пратеници од регистрирани 324 во салата на Парламентот. Поддршка ја поткрепуваат и 24 пратеници од Партијата на регионите.
За време на дебатата во изјавата беше додаден текст со повик до жителите на Крим да не учествуваат на референдумот.