Украинскиот оператор за пренос на гас GTSOU објави дека „поради виша сила“, денеска ќе ја запре дистрибуцијата на гас преку влезната точка Сохранивка, една од двете клучни точки за снабдување на Европа со руски гас.
И покрај руската инвазја која започна на 24 февруари, Украина и натаму е важна транзитна рута за пренос на руски гас во Европа.
Од компанијата велат дека не можат да продолжат со работа на компресорската станица Новопсков „поради мешање на окупаторски сили во техничките процеси“.
Компресорската станица Новопсков во регионот Луганск, на истокот на Украина, падна во руски раце накусо по почетокот на инвазијата. Таа е прва компресорска станица во Луганск, транзитна рута за околу 32,6 милиони кубни метри гас на ден, што претставува третина од рускиот гас што се пренесува во Европа преку Украина.
„За да се исполнат транзитните обврски кон европските партнери во целост и во рамки на договорот, можно е привремено префрлување на недостапните капацитети од физичката интерконекциска врска Сохранивка на физичката интерконекциска точка Суџа која се наоѓа на подрачје под контрола на Украина“, соопшти GTSOU.
Руски „Гаспром“ веднаш реагираше и од таму дека рекоа оти Украинците ги известиле за прекинот и наведуваат дека е технички невозможно да се префрли целиот проток на гас кон друга транзитна точка.