Претседателите на парламентите на Украина, Литванија и Полска на денеска направија заедничка изјава, во која ја изразија решителната поддршка на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина и ја признаа легитимноста на сегашната Влада на Украина.
Тие го осудија актот на агресијата на руските вооружени сили и фактичката окупација на делот од територијата на Украина, што е нарушување на Статутот на ООН и Хелсиншкиот заклучен акт на ОБСЕ, а исто така на обврските на Русија да ги почитував суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, содржани во Будимпештанскиот меморандум од 1994 година и билатералниот Договор за пријателство, соработка и партнерство од 1997 година: „Ние сметаме дека ова е најсериозен предизвик на глобалната безбедност од времето на завршувањето на студената војна“.
Тие ја повикаа Руската Федерација неодложно да ги повлече своите вооружени сили во местата на нивната постојана дислокација, да отпочне непосредни консултации со Владата на Украина и да ги искористи предлозите за меѓународно посредништво и набљудување. Тие ја повикаа Руската Федерација, исто така, да го прекине ширењето на пропагандата, што го разгорува непријателството и невистинитата информација за своите соседи.
Беше истакнато дека историското искуство на окупација и анексија од 1939-1940 година сведочи за тоа дека агресивните дејствија треба да имаат адекватни последици за тие, што ги извршуваат, и не обврзува да ги искористиме сите можни инструменти за да го спречиме повторувањето на историјата.
„Ние ги поддржуваме насочените активности против одговорните за нарушување на украинскиот територијален интегритет и суверенитет, а исто така и против лицата чија активност ја дестабилизира ситуацијата во Украина и се заканува на човечките права“, се вели во заедничката изјава.